ВИДЕО: Експлозија одекна низ цел град, детонирана подводна мина кај Риека

Од:

Скоро осум часа во пристаништето Риека и во водното подрачје траеше сложена акција на поместување и неутрализирање на противбродска мина останата од Втората светска војна.

Шефот на Штабот за цивилна заштита на градот Риека, Хинко Манче, рече дека операцијата сè уште не е завршена и дека откако мината е уништен со експлозив, треба да се направат сите проверки и се очекува се да биде завршено за околу еден час.

Полициските специјалци рано утринава ја обезбедија мината и ја подготвија за влечење, по што беше влечена до средината на заливот Кварнер и безбедно детонирана во 13 часот и 17 минути.

Покрај тоа што во пресрет на акцијата беа евакуирани станарите, во „црвената зона“ од непосредна опасност околу пристаништето Риека, во прекин е целиот патен, железнички, воздушен и поморски сообраќај, затворени се сите стопански објекти, а железничката и автобуската станица беа затворени и преместени.

 

Полициската управа Приморје-Горски Котар утринава објави видео снимка од противбродска мина од пристаништето Риека, поради нејзино отстранување, градот денеска беше речиси парализиран.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар