Во северниот дел на Косовска Митровица пред кусо време одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“.
Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија, а одекнуваат и сирени за воздушна опасност
Sirens and two explosions heard in Zubin Potok@KosovoOnline has reported that the members of the Municipal Electoral Commission have “forcefully” entered the municipality of Zubin Potok, accompanied by Kosovo Police and this has led to the outbreak of rebellion by some citizens pic.twitter.com/TjKsz6w3GR
— Eren Beksaç (@rnbksc) December 6, 2022
Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Блиц.
Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле.
View this post on Instagram
Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.
Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а Владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува „Блиц“.