ВИДЕО: Дојави за бомби во училишта и градинки низ цела Србија

Од:

Дојави за бомби пристигнаа утрово на е-поштата на бројни основни и средни училишта низ Србија – Белград, Нови Сад, Чачак, Пријепоље… Според најновите информации што пристигнуваат минута по минута, дојави за бомби пристигнаа и на адресите на градинките. Припадници на МУП веднаш излегоа на терен, а учениците беа веднаш евакуирани.

Сите училишта во Јужнобачката област добија е-пошта дека во нивните објекти се поставени бомби, неофицијално дознава „Блиц“ од извор во полицијата во Нови Сад.

Во текот на утринските часови, дојави за бомби пристигнаа на е-поштата на неколку училишта во урбаните и руралните средини на градот Чачак. Надлежни екипи пристигнаа на терен за да ги проверат наводите, а учениците и вработените ги напуштија просториите.

– Ни рекоа да дојдеме да го земеме детето. Претпоставуваме дека станува збор за лажни дојави, како и претходно, но повторно никогаш не е исто и секогаш има доза на страв – изјави еден од родителите за РИНА.

Дојави за бомби утрово беа примени на адресите на основните училишта во Пријевор, Прељина, Слатина, Мрчаевци, основните училишта Милица Павловиќ и Филип Филиповиќ, како и на адресата на Специјалното основно училиште 1 Ноември.

Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојава за бомба преку е-пошта. Припадници на МУП се на терен, пишува РТС.

Најмалку седум основни училишта во Нови Сад досега добиле е-пошта од непозната адреса. Децата беа евакуирани од училиштето, а дојавите за бомби беа лажни.

Учениците беа евакуирани, а полициски екипи се на терен и вршат увид.

Дојава за бомба е пријавена и во градинка во белградската населба Врачар. Веднаш над градинката се наоѓа основното училиште „Краљ Петар II“, а според граѓаните на социјалните мрежи, сите деца се надвор.

Би можело да ве интересира

Објавени се имињата на жртвите во сообраќајката во Србија, преживеаниот е во кома

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Москва бара Ратко Младиќ да биде ослободен, или пак казната да ја отслужи во Србија

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Јоцо Амстердам ослободена после одлежени 15 години затвор

Горан Наумовски