Бензинската пумпа во Мањача, недалеку од Бања Лука, денеска свечено ја отвори српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со седум свештеници на Српската православна црква кои ја благословија пумпата.
И не само што Додик ја отвори пумпата, беше подготвена прослава па на само неколку метри од дозерот за гориво беа поставени долги маси и шатор. Веднаш до агрегатот за гориво беа поставени високи маси на кои гостите консумираа храна и пијалоци.
Притоа, на ражен се вртеше бик, а на бензинска имаше и пејач.
Додик седел на специјално одвоена маса, веднаш до затворениот дел од бензинската пумпа и во еден момент одржал говор.
На бензинска и посака добри деловни резултати, а ги повика луѓето „да поминат и да наточат гориво“ со забелешка: „Мораме да си помагаме“
„Едно ќе ви кажам, Република Српска е стабилна и безбедна. Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“, рече Додик и доби громогласен аплауз на бензинската пумпа.