Претседателот на Република Српска Милорад Додик го одликуваше претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин со Орден на Република Српска.
– Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија. Има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупниот и заеднички политички, економски, социјален и економски раст и развој, рече Додик во Бања Лука на доделувањето на одликувањата.
Орденот ќе биде врачен подоцна, на првата средба меѓу Додик и Путин.
Додик му се заблагодари на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како сигурна поддршка на Република Српска.