Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит трае веќе 20 дена, а се уште не е јасно што се случило ноќта кога исчезнал.
Деновиве српските и хрватските медиуми објавуваа многу информации за девојка од Сплит, сестра на пријателот на Матеј, која е и негова пријателка. Таа била во Белград во исто време кога бил и Матеј со неговите пријатели, но не биле заедно.
Според српските медиуми, полицијата од списокот за повици дознала дека Матеј се обидел да стапи во контакт со неа ноќта пред да исчезне.
Сега за прв пат во јавноста се појави Маја С. која даде интервју за српската телевизија Прва.
Маја го покажува повикот регистриран на телефонот, каде се гледа дека Матеј и се ѕвонел во 22:29 часот.
Новинарот ја прашува дали се кае што не одговорила.
„Нормално се каам, тоа е мојата најголема болка. Mислам дека ако ми кажеше дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат и што да прават“, одговори таа за српската телевизија.