(ВИДЕО) Детали за трагедијата во Албанија: „За таткото немаше спас, децата ги носевме на раце“

Од:

Татко и неговите двајца малолетни синови попладнево се удавија на јадранската плажа кај албанскиот град Каваја.

Невидена несреќа се случи на плажата Виле-Боштово каде едно семејство од Тирана решило да го помине викендот, но радоста за минута се претворила во трагедија.

Еден од сведоците изјави дека другите посетители на плажа истрчале во водата и ги донеле удавените на брегот.

– Лицето во кајакот врескаше. Некои од нас видоа дека нешто не е во ред и влегоа во водата. Видовме три тела. Ги изнесовме на брегот и се обидовме да им помогнеме. Подоцна дознавме дека е даден црвен сигнал, но тоа никој овде не го знаеше – изјави еден од сведоците.

Друг сведок изјави дека момчињата давале знаци на живот кога ги извадиле од Јадранското Море додека немало надеж за нивниот татко.

– Знаевме дека не се удави само еден, мислевме дека се двајца, а кога го видовме третиот останавме шокирани. Двете момчиња ни дадоа надеж дека ќе одговорат на реанимацијата, додека за таткото немаше надеж – рече сведокот.

Тој вели и дека многу луѓе се собрале и се потрудиле да ги спасат момчињата, меѓу нив имало и медицинска сестра, но залудно.

Според третиот сведок, брзата помош пристигнала со 40 минути задоцнување.

– Брзата помош дојде по 40 минути од Рогожина. Две недели сум на плажа, ни чувари, ни лекари, ни полиција… Нема кој да пружи итна помош – вели сведокот.

Еден од очевидците на местото на настанот изјави за новинарката на Еуроњуз Албанија, Сара Демуса дека жртвите биле извлечени на брегот од туристи кои исто така се обиделе да пружат прва помош.

Тој тврди дека лекарскиот тим не бил опремен со носилки за транспорт.

– Медицинските сестри дојдоа без носилки и моравме да ги носиме со раце – тврди сведокот.

Медиумите од Албанија јавуваат дека се удавиле Елвис Халилај (50) од Тирана и неговите два сина на возраст од 13 и 15 години.

– Поради силните струи во попладневните часови, брановите го одвлекоа едното дете додека таткото и другиот син се обидуваа да стигнат до него, но струјата ги однесе – изјави новинарката на ABC News, Леонида Мусај.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски