ВИДЕО: Демонстрантите во Софија се судрија со полицијата, најмалку 45 лица пренесени во болница

Од:

Илјадници демонстранти излегоа да протестираат пред бугарското Народно собрание откако стартуваше со работа по летниот одмор, повикувајќи го премиерот на земјата, Бојко Борисов да даде итна оставка.

За време на демонстрациите во главниот град, дојде до судир меѓу гневната толпа и припадниците на полицијата по што беа приведени повеќе од 40 лица.

Досега, над 45 лица се пренесени во болница на лекување, јавија бугарските медиуми.

Демонстрантите на протестот повикаа на големо национално востание и граѓанска непослушност се додека актуелниот премиер не ја напушти функцијата.

Неочекувано, група на демонстранти фрлија ѝ неколку шок бомби кон полицајците кои стоеа пред зградата на Народното собрание и во тој момент, тензијата во центарот на Софија ескалираше по што полицајците ги кренаа штитовите и зазедоа одбранбени позиции.

За кратко време ситуација се нормализираше кога демонстрантите се повлекоа.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија