ВИДЕО: Делови од Балканот зафатени од урагански ветер

Од:

Делови од Хрватска, јужна Босна и Херцеговина, како и Црна Гора и Косово минатата ноќ беа зафетени од силен ветер, што дуваше со брзина и до сто киломатри на час, предизвикувајќи значителни материјални штети.

Во делови од Далмација дуваше најсилна бура што е некогаш измерена, а утрово околу 4 часот во Сплит е измерен ветер од 176 километри на час.

Hurricane force Bora in Bakar, Croatia today, gusting up to about 160 km/h. Video made during first Live reporting.

Posted by Severe Weather Europe on Вторник, 17 јануари 2017

Едно лице е повредено во босанскиот град Мостар, кога врз возилото со кое патувал паданало дрво откорнато од силниот ветер. Повредениот маж е пренесен во мостарската Универзитетска болница и е вон животна опасност.

Силниот ветер корнел и туркал дрва и столбови во повеќе делови на Херцеговина, предизвкувајќи блокади на патиштата и проблеми во сообраќајот и оштетувајќи повеќе возила и фасади на објектите, а превртел и еден камион.

Локалните власти на Требиње информираа дека силниот ветер речиси целосно го уништил градскиот парк во овој град на југот на БиХ, а биле однесни и покривните конструкции на повќе куќи и згради.

Силниот ветер беше причина избувнување на неколку пожари во хравтскиот реон на Далмација, во близина на Сплит, Макарска, Солин и Задар.

Само во реонот на Макарска биле регистрирани четири пожари, а утрово околку 5 часот, пожар избувнал и во близина на Солин, каде огнената стихија зафатила борова шума.

Во близина на Сплит пожар избувна синоќа околу 23 часот во месноста Брда, каде огнот зафатил трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во текот на ноќта, а при гаснењето полсено е повреден еден пожарникар.

Помали пожари избувнале и кај местата Нин и Вргорац, во близината на Задар.

Во црногорскиот град Бар пак, силниот ветер урнал скеле поставено за реновирање на еден хотел, но при тоа никој не е повреден.

Црногорските метеоролози информираат дека силниот ветер донел невообичаено студено време за крајбрежните делови на Црна Гора за овој период од годината.

Live from Becici beach. @ivancucukbudva

Posted by Primorske novine on Сабота, 23 февруари 2019

Силниот ветер предизвикал погелми материјални штети и во косовскиот главен град Приштина.

Ветрот предизвикла кинење на кабли на далеководи, поради што неколку косовски села се без електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Спречена голема тепачка помеѓу 60 малолетни ученици од Никшиќ

Горан Наумовски

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он