(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Од:

Невреме пропратено со силен дожд го зафати Рожаје, кое започна вчера во попладневните часови и траеше во текот на ноќта, поради што Ибар и речиси сите негови притоки се излеаа од коритата.

Според првите проценки, поплавите предизвикале големи материјални штети на објекти и инфраструктура. Особено е критично во сливот на Жупаница. Во Бијело Поље утрово е евакуирана и една жена.

Поради обилните дождови кои го зафатија Тиват од три по полноќ и продолжија утринава од седум часот, дошло до поплава во итната помош, јавува Радио Тиват.

Во ходникот и во сите простории навлезе големо количество вода. Целата смена започна со чистење и спасување на опремата. Ова не се случува првпат, истакнуваат од итната помош и додаваат дека одводите се блокирани.

Поради екстремно лоши временски услови денеска нема настава во попладневната смена во Гимназијата „Младост“. Поради невремето нема струја, а следствено и греење.

Децата од училиштето „Марко Миљанов“ во Бијело Поље и градинката лоцирана во истата зграда биле принудени да влезат во просториите преку спореден влез. Часовите беа скратени на 30 минути, изјави директорка на училиштето Татјана Дамјановиќ.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина