ВИДЕО: Чудесна светлина на кипот на Богородица во Меѓугорје

Од:

Во Меѓугорје доцна синоќа во куќата на Вицка, на која во 1981 година, кога била со група деца и се укажала Богородица, почнал да свети кипот со нејзиниот лик, стар повеќе од 40 години.

Веста за тоа се проширила во местото само за неколку минути, па пред куќата масовно почнале да се собираат верници, јавува Dnevnik.hr.

Кипот на Богородица сјаеше и ја осветли целата соба. Но не беше можно да се фотографира, бидејќи на сликите не се гледаше ништо. Неколку професионални фотографи се обидоа да го фатат моментот со најсовршени апарати, но попусто. Освен од крајот почнале да доаѓаат луѓе и од други места и набрзо се собрале неколку илјади лица, да го видат ова последно чудо во Меѓугорје, каде од 1981, во рамките на верскиот туризам, година доаѓаат луѓе од целиот свет.

Во старата куќа на Вицка, синоќа се молеле две Италијанки и кога ги изгаснале свеќите, забележале дека кипот на Богородица необично свети.

Веднаш го повикале семејството на Вицка кое било во близина. Станува збор за обичен кип од гипс, кој сега свети како да е флуоресцентен – пишува на порталот.

Најпрво се чувствував чудно,беше необично, да не кажам паранормално. Вакво нешто не може да се види секој ден. Ова за мене е круна на сите чуда што се случуваат овде на бројните оздравувања. Ова е незаборавно искуство – изјави за новинарите еден од верниците, кои го видоа кипот на Богородица, обвиткан со чудесна, бела светлина.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег