Снимка од човек кој шмрка некаква дрога на маса од киоск во Загреб деновиве се појави на социјалните мрежи, а иако не се знае точно кога настанала снимката, се претпоставува дека е неодамнешна, со оглед на студеното време и маските на лицата на луѓето.
Човекот среде бел ден, пред минувачите на прометната загрепска улица, ја вади маската под брадата и шмрка со импровизирано цевче, без да се осврне на тоа што се случува околу него. Ни минувачите не изгледаат многу заинтересирани за необичниот потег на човекот.
На крајот на кусата снимка, објавена пред неколку дена, се наѕираат и рацете на личноста која го придружува непознатиот загрепски „шмркач“, а корисниците на социјалната мрежа „Редит“ коментираат дека за некои нивни сограѓани и земјаци, новогодишните празници годинава очигледно започнале порано.