ВИДЕО: Брнабиќ откри дека бил планиран атентат врз Вучиќ

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека бил планиран атентат на претседателот Александар Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања на 27 јануари годинава во Белград.

„Планирано е долго и детално. Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот, за да го демонизираат Вучиќ и од него и од неговото семејство да направат криминален клан“, рече денеска таа за телевизија Пинк.

Премиерката на Србија не наведе детали и не кажа зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните. Таа рече дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и оти нема да има заштитени, без оглед на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски