ВИДЕО: Богати Италијанци плаќале за да пукаат во цивили во Сараево за време на опсадата

Од:

Обвинителите во Милано почнаа истрага против Италијанци кои наводно им платиле на припадници на војската на Република Српска да патуваат со нив во Сараево за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 1990-тите.

Иницијативата за таа истрага дојде од писателот и новинар Ецио Гавазени од Милано, кој собра докази и поднесе кривична пријава.

Тој рече дека ја започнал истрагата откако го гледал документарецот „Сараево Сафари“ (2022) од режисерот Миран Жупанич, кој го истражува наводниот феномен на богати странци кои плаќаат за да дојдат во Сараево и да пукаат во цивили.

Документарецот содржи сведоштво на поранешен српски војник кои тврдат дека групи „западњаци„ се согласиле да пукаат во жителите на Сараево додека Србите ги обезбедувале од нивните позиции.

Гавазени истакнува дека, според собраните податоци, некои Италијанци биле собрани во Трст, а потоа транспортирани преку Белград до ридовите околу Сараево, каде што имале позиција да пукаат во цивили.

Наводно, плаќале големи суми пари – во истражните поднесоци се споменуваат суми помеѓу 80.000 и 100.000 евра за „викенд снајперско патување“, при што пукањето во деца наводно било поскапо.

Обвинителството во Милано – предводено од обвинителот Алесандро Гоби – истражува кривично дело „намерно убиство во околности на посебна суровост и ниски мотиви“.

За време на опсадата на Сараево, од 1992 до 1996 година, снајперистите беа можеби најстрашниот елемент од животот под опсада, бидејќи случајно ги таргетираа луѓето на улиците, вклучително и децата, речиси како да играат видео игра или на сафари.

Групи Италијанци и други националности, таканаречените „туристички снајперисти“, наводно учествувале во нападот со плаќање големи суми пари на војници од армијата на Радован Караџиќ, поранешниот лидер на босанските Срби, кој беше осуден во 2016 година за геноцид и други злосторства против човештвото.

Истрагата, која ја спроведуваат обвинителите од Милано, се фокусира на наводната практика на плаќање војници за да им се дозволи на странски посетители да пукаат во жителите на Сараево, што предизвика шок и осуда низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

Се апсат ловци на педофили: Голема полициска акција во Босна и Херцеговина

Сараево: Полицијата претресуваше канцеларија на обвинител кој е под сомнение дека им открива тајни на криминалци

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Во Сараево е прогласена епидемија на лептоспироза

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик