ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Од:

На погреб во романскиот град Бордосиу, во областа Муреш, се случи несекојдневен инцидент кој предизвика паника кај присутните. На пат кон гробиштата, погребната поворка се соочи со мечка, што предизвика вознемиреност кај 70 луѓе кои дојдоа да го испратат починатиот.

Преплашените луѓе почнале да викаат и ја натерале мечката да се врати во шумата, но присутните тврдат дека мечката често се појавува на просторот околу гробиштата.

– Да бевме помалку, мечката сигурно ќе не нападнеше, вака се исплаши. Истрча по ридот, се сврте и нѐ погледна брзо неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да викаат, а мечката се вознемири – вели еден од присутните.

Романските медиуми потсетуваат дека мечка неодамна направи масакр во село во близина на Регина. Успеала да сруши дел од шталата и да убие 30 овци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Дан: Романија поминува низ тежок период

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски