ВИДЕО: Белград под опсада-протест против Парадата на гордоста

Од:

Повеќе од пет илјади поддржувачи на движењето Двери, навивачи и граѓани се собраа вечерва во центарот на Белград на протест против одржување на Парадата на гордоста, која е најавена за утре.

sr2

Помеѓу тие што протестираат се и голем број претставници на Српската православна црква од кои можеше да се слушне дека „Бог не ја благословил геј парадата, но затоа го благословил овој собир“.

– Овде се собравме за да ја промовираме волјата на мнозинството, односно да не се одржи геј парадата. Ова веќе не е прашање за парадата, туку за семејна Србија. Да не дозволиме привилегирано малцинство да влијае на животот на мнозинството, рече лидерот на движењето Бошко Обрадовиќ.

sr1

За време на протестот центарот на Белград беше под блокада, а силните полициски сили не дозволија да се случи поголем инцидент.

Две стаклени шишиња погодија двајца припадници на полицијата, а од масата се слушаа извици и негодување против премиерот Александар Вучиќ.

sr3

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац