(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама објави видео на Фејсбук од намерно палење од дрон на албанските воздухопловни сили. Тој рече дека намерното палење е предавство. Видеото е снимено од дрон Бајрактар.

„Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно палење снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот. Во меѓувреме, во овие тешки времиња на глобално затоплување и пожари што ги погодуваат сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме палењето со убиство во Кривичниот законик“, напиша Рама.

Во Албанија, стотици пожарникари и војници ги изгаснаа повеќето од речиси 40-те пожари што избувнаа во изминатите 24 часа, но повеќе од десетина се уште се активни. Од почетокот на јули, речиси 34.000 хектари изгореа низ целата земја, според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS).

Полицијата вели дека многу од пожарите се подметнати со намерно палење, а повеќе од 20 лица се уапсени во последните недели.

Пожарите сè уште горат во јужниот крајбрежен регион Финиќ, на околу 160 километри од главниот град. Според локалните медиуми, десетина луѓе се евакуирани, а неколку куќи се изгорени. Околу 800 албански војници се распоредени, заедно со воени авиони и хеликоптери од соседните земји, за борба против шумските пожари.

Би можело да ве интересира

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски

Огромен пожар во Дака: Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили