ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Од:

Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.

Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.

Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.

Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока.

Би можело да ве интересира

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад Аристотел во спомен на загинатите

Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба објави директорката на Одделот за изгореници на солунската болница

Таравари: Сите пациенти хоспитализирани во Солун се во стабилна состојба

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип