30 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус, автомобил и камион, на патот Приштина-Пеќ. Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија, пренесува Телеграфи.
Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи соопшти дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на местото на настанот пристигнале медицински екипи.
– Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајна незгода што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Известени се и медицинските екипи – изјави Красниќи.