Вицепремиерката на Бугарија смета дека државата не треба да извезува бугарско оружје во Украина

Од:

Бугарија не треба да извезува бугарско оружје во Украина и стоки и технологии со двојна употреба, изјави за БТВ бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова. Таа е лидер на Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, бугарскиот парламент одлучил само за хуманитарна помош и така треба да остане.

За БСП ова што се случува во Украина е војна. За неа решението на конфликтот лежи во итен прекин на непријателствата и преговорите. Трето, според Нинова, БСП е против санкциите против Русија, не денес, не вчера, со години, вклучувајќи го и првиот конфликт во Украина. Таа изрази дека нациите страдаат од овие санкции и ќе страда бугарската економија, бугарскиот енергетски сектор, бугарскиот народ, додаде Нинова. Таа рече дека треба да им се помогне на бегалците, децата, мајките кои се на граница и прецизираше дека како министерка за економија ги испратила сите бугарски трговски претставници долж границата со Украина каде Бугарија има такви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Лавров: Поставениот масакр во Буча е идентичен со оној во Рачак

Горан Наумовски

Медведев: Крвавиот кловн Зеленски ќе и позавиди на судбината на Виктор Јанукович

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски