Весиќ: Со брза пруга од Белград до Будимпешта за три часа, со Македонија заедно ќе се гради Скопје-Ниш

Од:

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека до 2025 година брзата пруга Белград-Будимпешта ќе биде готова и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија.

Тој во гостувањето на телевизија Пинк истакна дека во моментов се работи и на брзата пруга Белград-Ниш.

„Кога ќе заврши оваа делница, од Белград до Ниш ќе бидат потребни 100 минути“, рече Весиќ.

Министерот посочи и дека е потпишан меморандум со Северна Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје.

„Кога ќе биде готово, ќе биде тричасовно патување од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе ги промени животите на граѓаните“, рече Весиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу Унгарија, Србија, Македонија и Грција

Нова брза пруга на коридор 10: Министерот Николоски на средба со грчкиот министер за инфраструктура Стакурас

Брза пруга од Будимпешта до Атина-уште да се реши Македонија

Предраг Петровиќ

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за брза пруга: Возовите ќе возат со најмалку 160 км/ч

A1on

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје