Весиќ кој е притвор започна штрајк со глад

Од:

Поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.

За потсетување, Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените беше и претходниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д. директор на „Српска железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. г. помошник министер за железница и интермодален транспорт.

По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.

„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, рече Весиќ.

Пет дена по трагедијата во Нови Сад, Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, велејќи дека во Србија има морална одговорност.

– Поднесов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија што се случи во ресорот со кој раководам. Ја напуштам оваа функција со чиста совест и горд на резултатите што остануваат зад мене, како и на тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните, како и со најдобра вера исклучиво во интерес на Србија – потенцираше тогаш Весиќ.

Би можело да ве интересира

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски

Горан Весиќ поднесе оставка: „Заминувам со чиста совест“

Катерина Ѓуровски

Српскиот министер за градежништво, Весиќ: Давам оставка!

А1он

Весиќ: СНС има апсолутно мнозинство пратеници и може самостојно да формира влада

Весиќ: Србија и Северна Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце

Весиќ: Ѓилас посакува насилство на улиците на Белград

Предраг Петровиќ