Весели: Никогаш не сум бил во Белград, ниту имам желба да одам

Од:

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека Косово ќе влезе во дијалог со Србија заедно со меѓународните партнери, а самиот тој нагласува дека воопшто нема желба да има врска со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели во денешното интервју за приштинскиот портал „Индексонлајн“ истакна дека некогаш не бил во, како што го нарекува, „Белиград“ и дека на секому е јасно дека меѓу Косово и Србија „нема никаква љубов“.

Парламентарниот спикер наведе дека актуелната косовска опозиција односно тие што сега го бојкотираат дијалогот, „можеби некогаш флертувале“ со Србија.

– Нас не не фатила никаква љубов со Србија. Се знае многу јасно дека нема никаква љубов меѓу нас. Можеби некој друг, кој денес бојкотира, по малку флертувал. Никогаш во Белиград не сум бил, кажувам јавно. И никогаш не сум се зажелел да одам, изјави Весели.

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он