„Веројатно имало алкохол, но не и дрога“ – Таткото на Матеј за изјавата за шефот на полицискиот синдикат

Од:

Веќе осум дена трае неизвесноста околу 27-годишниот Матеј Периш кој ноќта меѓу 30. и 31. декември изчезна во Белград. Српската полиција интензивно трага по него. Таткото на младиот сплиќанец веќе неколку дена во во главниот српски град. Денеска ја коментираше истрагата и наводите за пронајдени траги од дрога.

„Нема некои нови сознанија, полицијата ја прдолжува потрагата и во текот на празниците. Акцентот е ставен на Сава, односно на коритото и брегот на реката, се гледа дека има активност“ – вели за српските медиуми Ненад Периш.

Вчера претседателот на полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ изјави дека полицијата наводно пронашла траги од дрога во собата во која престојувале Матеј и неговите пријатели како и во комбето со кое дошле од Хрватска.

„Не ги читав тие изјави, но за тврдењата можам да кажам дека сум сигурен дека тој не зема дрога и дека овие случувања не се последица од тоа. Матеј е млад, примерен човек, посветен на работата. Дојдоа во Белград да се забавуваат, ако имало нешто, веројатно тоа било алкохол“ – вели таткото на исчезнатиот Матеј.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски