Венизелос в понеделник во посета на Тирана

Од:

На покана на неговиот албански колега, Дитмир Бушати, в понеделник во посета на Албанија ќе допатува шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, јави дописникот на МИА од Тирана.

Освен средбата со неговиот домаќин, министерот Бушати, Венизелос ќе оставари средби и со претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на албансиот Парламент Илир Мета, лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, како и претседателот на партијата на грчкото малцинство, Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле.

На средбите ќе бидат разгледани билатерлани прашања, како што е процесот на ратификација на Спогодбата за морската граница меѓу двете земји, која неколку години „е замрзната“ откако Уставниот суд на Албанија ја оцени за неуставна, соработката за Трансјадранскиот гасовод, прашањето за определување ексклузивни економски зони, како и прашањето за емиграцијата.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски