Неколку западни земји планираат во Хрватска да испратат некоку илајди мигранти, кои не сакаат да ги задржат на своите територии, а за кои тврдат дека во ЕУ влегле преку хрватска територија, наведува загрепскиот весник „Вечерњи Лист“ во своето денешно издание.
Според весникот, од почетокот на годинава властите во Загреб од неколку западни земји примиле вкупно 3.493 барање за прифат на мигранти кои се регистирани дека влегле во ЕУ преку Хрватска.
Станува збор за лица на кои им не бил одобрен азил во западните земји во кои поднеле такви барања.
– Најмногу барања за преземање на мигранти пристигнале од Австрија – вкупно 1.782. Доколку се оствари тоа сценаарио за враќање на мигрантите во Хрватска, се поставува прашањето каде ќе бидат сместени овие луѓе, оценува весникот.
Според „Вечерњи лист“, на сите доставени барања од западните земји Хрватска има рок за одговор од еден до два месеци.