Вашингтон му ја честита победата на Рама на изборите

Од:

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс и честиташе на Албанија за изборниот процес на 25 април.

Во објавата на социјалните мрежи, Прајс пишува дека САД се надеваат во продолжување на партнерството со премиерот Еди Рама.

– САД му честита на народот на Албанија за неодамнешните избори. Искажуваме верба дека ќе го продолжиме блиското партнерство со премиерот Рама и во исто време ја поздравуваме силната кампања на опозицијата. Почитувањето на резултатите од легитимните избори ја зајакнува демократијата во Албанија, напиша тој.

И американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, во својата прва реакција по изборите им ја честиташе победата на премиерот Еди Рама и на Социјалистичката партија, нагласувајќи дека „албанскиот народ зборувал јасно“.

– Им ја честитаме изборната победа на премиерот Еди Рама и на Социјалистичката партија. Исто така, му честитаме на претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша за силната кампања што им даде глас на многумина и инспирираше надеж. Што е најважно, му честитаме на албанскиот народ, кој зборуваше јасно, напиша Ким.

Таа порача дека признавајќи ги резултатите од овие избори и соработувајќи едни со други, лидерите ќе дејствуваат одговорно за доброто на албанскиот народ.

– Се надеваме дека ќе работиме со Албанија за натамошно зајакнување на соработката за демократија, одбрана и бизнис, додава американската амбасадорка.

Откако вчера попладне Централната изборна комисија ги соопшти резултатите, победата на Рама први му ја честитаа премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис, како и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија