Варшава: Заврши маршот за поддршка на Србите на Косово

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Со знамиња на Србија и Полска и со пригодни транспаренти во центарот на Варшава денес поминаа околу 1000 Полјаци, кои протестираат поради независноста на Косово, во знак на поддршка на Србите.

-Манифестацијата помина мирно, без инциденти – изјави портпаролот на полицијата која го обезбедувала маршот, Анџеј Броварек.

Тие изјавија дека како Полјаци на Србите им праќаат кратка порака дека се во право и дека ги разбираат и поддржуваат.

-Совршено добро знаеме што значи губење на историска земја – порачаа демострантите.

Во маршот традиционално се приклучија и навивачите на фудбалските клубови, на чело со навивачите на „Легија Варшава“.

Носејќи транспаренти за поддршка на Србите на Косово и против независност, демонстрантите скандираа „Србија – Варшава“, заедничка работа.

Полјаците за Косово уште од 2011 година организираа протестен марш, пред или по одржувањето на годишницата за независност на Косово, поради како што велат одзимањето на делот од Србија.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне