Вархеји: „Отворен Балкан“ е најдобрата порака што регионот може да ја донесе

Од:

Регионот сака да биде едно. Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе. Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан.

Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во поздравното обраќање онлајн на состанокот на иницијативата што се одржува во Тирана.

– Држете ги вратите на оваа иницијатива отворени. Ги поканувам останатите три земји, Црна Гора, БиХ и Косово. Ја поддржувам вашата иницијатива, порача Вархеји.

Тој истакна дека само преку заеднички пазар Балканот може да има една третина раст на БДП.

– Инфраструктурното поврзување нема да има поента, ако камионите и возилата се запираат на секоја граница, нема поента да се создава инвестициска клима, доколку не се признаваат дипломите, нема поента за инвестициска клима доколку нема слободно движење на стоки, услуги, капитал…, рече Вархеји.

Во однос на проширувањето на ЕУ, рече дека имало напредок со Србија и Црна Гора на овој план годинава, изразувајќи жалење што не се отворија првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија.

– Ја разбирам фрустрацијата на премиерот Заев, но не заборавајте дека постигнавме напредок во процесот на проширување оваа година. Отворивме кластери со Србија, а со Црна Гора беше одржана втората меѓувладина конференција со новата методологија. Но не го кријам фактот, како и моето жалење за фактот дека се уште ги немаме првите меѓувладини конференции со Северна Македониоја и Албанија, тоа треба да го постигнеме брзо, првиот сигнал што треба да го гледаме е јасната перспектива од страна на ЕУ тоа да се случи, и тоа беше ставено во заклучоците на Советот на ЕУ. Мислам дека тоа треба да биде сфатено многу сериозно, и сега е време тоа да го направиме реалност и да ги имаме сите договори на маса за тоа да се случи, порача Вархеји на состанокот на Отворен Балкан.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“