Вархеји од Сараево: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа

Од:

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија, изјави денеска во Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

По разговорите со домаќините, Вархеји изјави пред новинарите дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК.

– И не само тоа, ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската унија, рече тој.

Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген“, Вархеји рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет.

– Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Северна Македонија и Албанија … Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија, рече еврокомесарот.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор