Ужас во Хрватска: Познат насилник си ја уби сопствената мајка

Од:

Вечерва околу 19 часот се случило грозоморно убиство во село во Хрватска – 27-годишник си ја убил сопствената мајка, удирајќи ја со метален предмет, јавија локалните медиуми,

Убиството се случило во селото Шаренград кај Вуковар, во близина на границата на Хрватска со Србија.

Полицијата за порталот „Индекс“ потврди дека 27-годишниот убиец ѝ го одзел животот на неговата мајка, која имала 56 години. По страотниот злостор, тој избегал во блиското село Бапска, каде полицијата го пронашла во кафе-бар и го уапсила.

Во тек е полицискиот увид на местото на убиството, а осомничениот се испрашува. Тој ѝ бил од претходно познат на полицијата поради насилно однесување.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб