Петгодишно дете почина во Вучитрн,на северот на Косово, од повреда за која постои сомневање дека била предизвикана од огнено оружје. Пријавено е дека во болницата во Вучитрн било донесено за лекарска помош петгодишното дете.
„Лекарите соопштија дека детето починало како последица на повреди за кои постои сомнение дека биле предизвикани од огнено оружје. Според првичните информации од истрагата, инцидентот се случил во дворот од куќата на детето“, изјави за РТК, Авни Заити, портпарол на полицијата за регионот на Митровица.
Според неговите зборови, на лице место биле пронајдени и одземени чаура и пиштол.