Уставен суд на Хрватска: Нема да има референдум за кирилицата

Од:

Референдум за кирилицата во Хрватска нема да биде одржан затоа што предложеното референдумско прашање е противуставно, одлучи Уставниот суд на Хрватска, јави Танјуг.

Уставниот суд таквата одлука ја донесе на вчерашната седница, изјави судијата на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Оценката на уставноста на референдумското прашање од Уставниот суд ја побара Саборот.

Како што потсетуваат хрватските медиуми, граѓанската иницијатива која себе се нарекува Штаб за одбрана на хрватски Вуковар, собра околу 650.000 потписи за референдумот со кој од Вуковар и другите градови планираа да ги отфрлат двојазичните табли од зградите на државните институции.

Иницијативата предлагала малцинствата правото на рамноправна службена употреба на својот јазик да ја остварат во средини кои сочинуваат над 50 отсто жители.

Според сегашните одредби на законот, двојазичноста се применува во средини во кои националните малцинства сочинуваат третина од населението.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин