Успешно завршена евакуацијата на грчкиот конзул од Мариупол

Од:

Генералниот конзул на Грција во Мариупол Манолис Андрулакис и 11 лица од грчката дијаспора вечерва ја поминале украинско – молдавската граница, со што успешно заврши операцијата за нивна евакуација, како што соопшти на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас уште еднаш му се заблагодари на конзулот Андрулакис, како и на сите оние „кои помогнаа во успешното завршување на оваа особено тешка операција“.

Генералниот конзул, пред почетокот на евакуацијата беше засолнат во објектот на ОБСЕ во Мариупол заедно со персоналот на организацијата, а според грчките медиуми, Андрулакис е последниот дипломат од ЕУ што го напушти Мариупол.

Евакуацијата започна во вторникот, а од разбирливи причини, не беа соопштени детали околу операцијата и која рута ќе се следи, дали кон Романија или кон Молдавија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица