УНХЦР: Нема промена на турската политика кон сириските бегалци

Од:

Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека не е известена за промените на турската политика кон сириските бегалци, ниту добила извештаи дека луѓето тргнале кон Грција или други делови на Европа.

Портпаролот на УНХЦР Бабар Балох додаде и дека нема извештаи за видливо движење на мигрантите од Турција кон Грција или други делови на Европа.

Претходно, и ЕК соопшти дека Турција официјално не објави промена на својата политика кон бегалците.

ЕК истакна и дека очекува Анкара да ги почитува обврските што ги презема за контрола на протокот на мигранти во Европска Унија. Турција се обврза да стави крај на нередовните миграциски текови од Турција кон ЕУ и да обезбеди подобри услови за прием за бегалците во Турција.

Реакцијата од УНХЦР и од ЕК уследија откако неименуван извор од турската Влада изјави дека нема да ги задржува бегалците кои сакаат од Турција да одат во земјите од ЕУ. Се проценува дека во Турција има околу четири милиони бегалци од војната во Сирија.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски