Унгарскиот суд одби да го екстрадира претседателот на МОЛ во Хрватска

Од:

Судот во Будимпешта денеска го одби хрватското барање да го испорача претседателот на управата на унгарската нафтена компанија МОЛ, Золт Хернади.

Во судското образложение се наведува дека унгарското државно обвинителство претходно истражувало при што не се пронајдени елементи на кривично дело. Тоа значи дека не може да се реализира хрватското барање.

Судијата посочи дека одлуката е важечка само во рамките на унгарските граници и не се однесува на надлежностите на другите земји, а на таквата одлука на унгарскиот суд не е можна жалба.

Хрватска минатата недела издаде меѓународна потерница и европски налог за апсење на Хернади, со образложение дека шефот на МОЛ е осомничен за давање на мито на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за управувачките права во хрватската нафтена компанија ИНА.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол