Унгарски МОЛ се повлекува од хрватска ИНА

Од:

Откако Хрватска испрати барање до Интерпол за распишување меѓународна потерница по Золтан Хернади, првиот човек на унгарската нафтена компанија МОЛ, Унгарија возврати со повикот до МОЛ да ја разгледа можноста за продажба на мнозинскиот пакет акции во ИНА, што изнесува помалку од 50 отсто.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека „Хрватска не може вака да се однесува“, пренесоа хрватските медиуми.

– Во Хрватска е во тек постојана политичка кампања против нас, најголемиот инвеститор, а последен пример е заканата на министерот за финансии Славко Линиќ како и правните чекори против некои членови на МОЛ, се наведува во соопштението и се додава дека е очигледно дека станува збор за притисок што ја надминува економијата и не е во согласност со праксата во ЕУ.

Унгарија овие хрватски чекори нема да ги остави неказнето, се додава во соопштението.

Загрепскиот весник „Вечерњи лист“ пишува дека првата казна е барањето за ревизија на портфолиото на МОЛ во ИНА и дека се подготвува продажба на уделот акции, а унгарската влада го откажа и учеството на министерот за надворешни работи Јанош Мартони на „Кроација Форум“ за енергетска безбедност во Дубровник.
Весникот укажува дека заради Хернади својата посета на Дубровник ја откажал и унагарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарските медиуми наведуваат дека владата на Орбан им дала налог на Министерството за правда и на управата на Националната агенција за управување со имот, кои управуваат со акциите на МОЛ во државна сопственост, да ја испитаат можноста за законски чекори во граѓанското и кривичното право што може да се преземат во врска со обвинувањата против Унгарија и МОЛ.

На Золтан Хернади, во Хрватска во одсуство, му е одреден истражен затвор заради опасноста од бегство по аферата ИНА-МОЛ, а осомничен е дека му дал поткуп на Иво Санадер од десет милиони евра за да му ги предаде управувачките права во ИНА.

Санадер заради оваа афера, лани беше неправосилно осуден на десет години затвор, а Хернади никогаш не беше ниту испрашан.

Унгарското обвинителство во својата истрага утврди дека во МОЛ немало криминални активности, а денеска уште еднаш соопшти дека Хернади не е виновен и дека нема да го гонат.

Тоа, се додава, е порака до Хрватска дека нејзините последни постапки значат хрватско непочитување на законите во ЕУ.

Загрепскиот портал „Индекс.хр“ пишува дека доколку МОЛ навистина се одлучи за продажба на ИНА, најверојатен купувач може да биде рускиот „Роснефт“, кој и претходно покажувал интерес за купувиње на удел во ИНА.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег