Умерени земјотреси во Турција и Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Мраморното Море, а бил почувствуван и во Истанбул.

Епицентарот на потресот се наоѓал под морското дно, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени утринава е регистриран и крај брегот на грчкиот остров Самотраки во северниот дел на Егејското Море.

Епицентарот на потресот е бил на 29 километри југоисточно од островот. Според грчки сеизмолог, можни се и вторични потреси.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси