Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

Од:

Три земјотреси, од кои два со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала и еден од 4,4, се регистрирани рано утринава во морската област кај грчкиот остров Санторини.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина, земјотресите се случиле во областа меѓу островите Санторини и Аморгос, јавуваат грчките медиуми.

Сите три земјотреси се карактеризираат како слаби, а сеизмолозите не очекуваат посилни потреси.

Според последните проценки на експертите, се намалуваат шансите островот да го погоди земјотрес со јачина од 6, 6,1 или 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Десетици потреси сè уште се регистрираат во областа секој ден.

Грчката влада прогласи вонредна состојба на Санторини поради интензивна сеизмичка активност, откако егејскиот остров беше погоден од серија земјотреси во последните денови, поради што беа евакуирани повеќе од 10.000 жители и туристи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Регистриран земјотрес во Струмичко

Слаб земјотрес утринава во Валандово, почувствуван и во Струмица

А1он

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Мексико