Убиени две лица во Албанија во возило со скопски таблички

Од:

За само неколку дена во Албанија се случија две големи мафијашки пресметки во кои животот го загубија четири лица. Вчеравечер во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички, беше застрелан Клисман Преци и неговиот пријател Јили Брахими кој е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови. Инаку, Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.

Вчерашниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани, а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа. За бруталноста сведочи фактот дека едно од лицата било живо, но убијците се вратиле и го докрајчиле, а потоа го запалиле возилото.

Познатиот албански крими-аналитичар Артан Хоџа по овој масакр посочи дека се работи за добро организирана група, која според неговите истражувања, стои зад повеќе убиства во минатото и не зема учество во операција без да добие стотина илјади евра.

Тие никогаш не грешат, но ме чуди тоа што го запалиле возилото. Тоа е порака, живи ќе горите, вели Хоџа за abcnews.al.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер