Убиецот од Цетиње по обидот за самоубиство, починал во возилото на итната помош

Од:

Осомничениот за повеќекратното убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ (45) вечерва се обидел да се самоубие и починал при болничкиот транспорт, потврди министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, пренесува РТЦГ.

Тој рече дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена.

Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но не починал на лице место.

Директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ изјави дека не е познат мотивот за убиството, а жртвите се негови пријатели и кумови.

„Тие се повредени во стабилна состојба“, изјави Шќепановиќ.

„Го опколија, направија прстен. Тој бил во безизлезна ситуација и си пукал во глава. Откако се повреди, беше направен обид да се пренесе во болница, но тој им подлегна на повредите“, изјави Шќепановиќ.

Тој рече дека не треба да се лицитира за бројот на жртвите и додаде: „Не треба да има повеќе жртви“.

Мартиновиќ масакрот го започнал во кафеаната „Велестово“ каде што го убил сопственикот и уште тројца мажи, а потоа се упатил кон населбата Хумчи, каде што ги убил децата на сопственикот на кафеаната, а ја ранил неговата сопруга. Тој го извршил масакрот на четири локации и убил 10 лица, меѓу кои и членови на неговото семејство.

Четворица од повредените се во тешка состојба и се наоѓаат во Клиничкиот центар на Црна Гора. За нив, лекарите се борат за живот.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.

Би можело да ве интересира

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Руски полковник падна од прозорец и почина, само два дена подоцна падна уште еден

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ