Уапсени убијците на седумнаесетгодишно момче од Белград

Од:

Припадници на белградската полиција ги уапсија Б.Б.(23) и седумнаесетгодишно момче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство.

Тие се осомничени дека на 1 февруари со нож му нанеле убодни рани на дваесет и тригодишен нивен познаник, кој од здобиените повреди починал на лице место.

На Б.Б. му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведен во Вишото јавно обвинителство во Белград, додека осомничениот малолетник е спроведен во Вишиот суд во Белград, Одделот за малолетници.

Потсетуваме, непознато машко лице му нанело повеќе убодни рани и расекотини на младиот Ј.М.(23) кој починал на лице место, додека на друго момче Б.Ј.(23) му нанеле расекотина.

Во меѓувреме, полицијата пронашла нож и бејзбол палка во возилото што двајцата осомничени ги користеле пред нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

Авион со тешко повредени од Кочани слета во Батајница, веднаш се пренесен во болница

Пред Амбасадата на Македонија во Белград положено свежо цвеќе и запалени свеќи од македонската заедница во Србија

Горан Наумовски