Уапсени полицајци поврзани со криминалната група на Вељко Беливук

Од:

По вчерашната најава на Советот за национална безбедност со кој претседаваше претседател Александар Вучиќ, за санкционирање на оние лица од редовите на државата, кои соработувале, помагале или им давале информации на криминалната група на Вељко Беливук (Веља Невоља), синоќа српската полиција уапси двајца полициски службеници, од кои едниот е поранешен началник на Одделот за сузбивање на организирана трговија со дрога во МВР.

Предраг Л., поранешен началник на Одделот за сузбивање на организирана трговија со дрога, беше уапсен синоќа под сомнение дека им помагал на Вељко Беливук и неговата криминална група, пишуваат Новости.

Тој бил сменет од новиот шеф на СБПОК пред месец и половина.

Како што соопштија од МВР, припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Обвинителството за организиран криминал, им одреди мерка притвор до 48 часа на полициските службеници П.Л. и Б.В. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот после ивршување на кривично дело.

Како што е наведено, постојат основи на сомнение дека П.Л. и Б.В. на 4 февруари годинава, при претрес на станот и другите простории како дел од акцијата за апсење на осомничените дека се членови на организирана криминална група предводена од В.Б. и М.М., свесно и доброволно површно извршиле претрес во стан за да не бидат пронајдени предмети на кривично дело.

-Тие под изговор за претрес на станот на водачот на навивачката група „Принципи“, кој беше уапсен минатата недела во голема полициска акција со неговиот соработник Марко Миjковиќ и уште 19 члена на бандата, всушност отстранувале докази.

Но,оперативците на МВР не знаеле дека БИА го озвучила станот. Слушајќи ги аудио-снимките, утврдено е дека тие се обиделе да ги прикријат доказите

-По претресот, полицијата во тој стан пронајде пиштол, а осомничените се товарат дека не ги одземале парите пронајдени во станот за време на претресот, иако тие се предмет на кривично дело што е наведено во наредбата за претрес, се додава во соопштението.

Според МВР, осомничените со кривична пријава ќе бидат приведени во Обвинителството за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он