Косовската полиција соопшти дека единиците на Полициската станица во Гњилане денеска го уапсиле Србинот С.Ј.(42), поради сомнение дека извршил кривични дела убиство и формирање на криминална организација.
Маж е запрен во Гњилане, а при проверка е утврдено дека се бара по меѓународна потерница на Црна Гора, соопшти полицијата.
Се додава дека тој е уапсен и приведен во полициска станица, како и дека сите понатамошни дејствија и постапки ќе бидат преземени во координација со единицата за меѓународна соработка на косовската полиција и надлежните институции.