Уапсен Русин за лажните дојави за бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина

Од:

Грчката полиција денеска во Солун уапсила 42- годишен Русин кој вчера го испратил мејлот со лажни дојави за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објавија грчките медиуми.

Според „Етнос“, станува збор за лице кое во заканувачкиот мејл испратен вчера тврдел дека е исламист и напишал дека „во името на Алах и пророкот Мухамед мора да умрете“.

Уапсениот, меѓу другото, се товари и за тероризам и ширење лажни вести.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и граѓаните во Атина

Грчката полиција уапси две жени со 13 килограми кокаин на аеродромот во Атина

За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето

А1он

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

По пауза од две години, новогодишната ноќ во Грција без никакви ограничувања

Вооружен грабеж во продавница со Ролекс часовници во Атина