Уапсен поранешен висок функционер на државните органи на Словенија и СФРЈ

Од:

Словенечката служба за борба против организираниот криминал (УСКОК) го уапси поранешниот шеф на Управата за државна безбедност (УДБА) и министер за внатрешни работи, Јанез Земљариќ.

Земљариќ е приведен во рамки на истрагата по обвиненија за корупција.

За време на акцијата биле извршени претреси на пет места, меѓу кои куќата на Земљариќ и неговата фирма „Ети-пар“. Полицијата го истражува бизнисот на компанијата „Медикоинженеринг“, која му доставувала операциски маси на Клиничкиот центар во Љубљана.

Полициската истрага започна во септември 2013 година, коха надлежните органи почнале со истрага на корупцијата во здравствениот систем на Словенија.

Според словенечкото МВР, осомничените и причиниле штета на најголемата здравствена установа во Словенија за 1,1 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија