Уапсен Македонец во Србија, со мито сакал да се спаси од сообраќаен прекршок

Од:

Властите во Србија уапсиле 43-годишен државјанин на Северна Македонија, осомничен дека им понудил поткуп на сообраќајни полицајци за да избегне казна за сообраќајни прекршоци.

Според српското Министерство за внатрешни работи, осомничениот З. А. бил уапсен од припадници на МВР, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Тој управувал автомобил на автопат во близина на Краљево, при што ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната била слободна.

Кога бил запрен од сообраќајната полиција, на полицајците им понудил пари за да не му издадат прекршочен налог за направените сообраќајни прекршоци.

Против него е поднесена кривична пријава за давање поткуп, а му е одредено задржување до 48 часа. По истекот на задржувањето, тој ќе биде приведен пред надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто