Уапсен и последниот „земунец“

Од:

Последниот член на „земунскиот клан“ кој беше на слобода, 36-годишниот Дејан Ранџеловиќ, е уапсен во Германија, дознава српски „Пресс“

Ранџеловиќ е осомничен дека во 2002-та година учествувал во во киднапирањето, мачењето и убиството на Слободан Радосављевиќ Булка, а уапсен е во Минхен поради обид за кражба.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека за него постои потерница во Србија за соучество во злосторствата на „земунскиот клан“, постои основа Србија да бара негова екстрадиција.

Според „Пресс“, Ранџеловиќ скоро десет години ја избегнува одговорноста во врска со злосторствата на „земунскиот клан“.

За време на акцијата „Сабља“, Ранџеловиќ го избегнал апсењето и шест години бил во бегство. Тој бил дел на кланот кој го контролирале Милан Јуришиќ-Јуре и Нинослав Констатиновиќ. На Ранџеловиќ му е судено во отсуство.

Некои од делата за кои е обвинет се застарени, а за поедини ќе му се суди во одвоена постапка.

Ранџеловиќ е поврзан со клановите кои настанаа во 2003-та година, а меѓу членовите на тој клан се и припадници на најголемите навивачки групи и нарко дилери.

 

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје