Уапсен Грк кој возилото го „паркираше“ на платото пред грчкиот Парламент и се закануваше дека ќе се разнесе

Од:

„Ќе се разнесам“, извикувал, според грчките медиуми, возачот на земјоделското возило што утрово предизвика проблеми во сообраќајот во центарот на Атина и мобилизација на полицијата откако се паркираше пред споменикот на Незнајниот јунак на платото пред грчкиот Парламент, во делот наменет само за пешаци.

Грчката полиција интервенираше, го уапси возачот, го запре сообраќајот, го евакуираше просторот, а во возилото пронајде канистер со бензин и плинска боца.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека станува збор за 58-годишен маж кој имал психички проблеми и дошол од градот Каламата на Пелопонез, додека пак други медиуми во Грција пишуваат дека возачот е земјоделец и е целосно безопасен.

Возилото е со залепени пораки: „Турците ја имаат власта во Грција“; „Историограф“ и „Народен суд“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека