Уапсен е убиецот во Обреновац

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсиле С.П.(1988).

Тој е осомничен дека денес со автомобил убил четириесет и петгодишен маж, по што избегал, а претходно, како што се сомнева, ја запалил неговата куќа во близина на Обреновац.

„Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, ПС Обреновац, ПС Уб, Интервентната единица 92 и УКП во Белград, го уапсија С.П. (1988) за кого постои сомневање дека денес со автомобил убил четириесет и петгодишен маж, по што избегал, а чија куќа претходно ја запалил во близина на Обреновац“, изјави Дачиќ.

Полицијата набрзо го уапси во градот Црвена Јабука, изјави Дачиќ, пренесува Танјуг.

„Осомничениот е донесен во службените простории на полицијата и продолжува понатамошната работа за утврдување на сите околности и факти за овој настан“, рече министерот Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери